МВР денеска соопшти дека при претреси во домовите на М.Ц. и С.М. во Облешево и Чешиново, извршени со судски наредби, била пронајдена и одземена марихуана.
„Додека, полициски службеници од ОВР Кочани кај Н.М. и Д.М. пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја купиле од А.Р.. Исто така, со судска наредба се извршени претреси во домовите на А.Р. и Н.М.“, се додава во соопштението.
По целосно документирање на случаите, ОВР Кочани ќе поднесе соодветни пријави.