сабота, 5 јули 2025

Пет лица од Прилеп кривично пријавени за напад на полиција во угостителски објект

Секторот за внатрешни работи – Битола поднесе кривична пријава против пет лица од Прилеп – А.С. (22), Д.М. (25), А.М. (18), К.Р. (22) и М.М. (48), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил на 14 јуни во угостителски објект лоциран во населбата Точила, прилепско, каде пријавените физички нападнале полициски службеници додека тие извршувале службени дејства.

Од страна на полицијата се обезбедени докази за настанот, а против сите инволвирани лица е покрената соодветна кривична постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ