сабота, 3 мај 2025

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Скопје

На 10 април 2025 година, околу 09:15 часот, на крстосницата меѓу улиците Владимир Комаров и Бојмија во Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која тешко бил повреден пешак.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од СВР Скопје, во несреќата учествувало патничко возило цитроен со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната С.А. од Скопје, која удрила во пешакот Е.Р. (33) од Кавадарци.

Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

На местото на несреќата извршен бил увид од страна на екипа од СВР Скопје, а се работи на расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ