На 02.01.2025 во 08.16 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Александар Македонски“ со ул.„Републиканска“ во Прилеп, патничко возило „опел мерива“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(59) удрило во Т.Ч.(72), двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ч., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
На 02.01.2025 во 10.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во с.Жировница, општина Маврово и Ростуше, патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Е.А.(49) удрило во пешак Ш.А.(78), двајцата од с.Жировница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.






