петок, 2 јануари 2026

Патничко возило падна во Радика

Денеска патничко возило излета од патот и падна во реката Радика, кај Бигорскиот манастир. По добиената пријава, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово остварил телефонски контакт со пријавителот, кој информирал дека возилото се движело со поголема брзина, при што изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката Радика, на локација после манастирот „Св. Јован Бигорски“, извести ЦУК.

Објавено на

часот

Сподели

За настанот веднаш биле известени полициските службеници од ПС Ростуше, кои ја потврдиле информацијата и излегле на лице место, каде се наоѓа и командирот на ПС Ростуше со екипа. Исто така, веднаш е известена Територијалната противпожарна единица – Гостивар, од каде е испратена екипа со две противпожарни возила и четворица пожарникари за интервенција. Известена е и Итната медицинска помош од Ростуше, која исто така испратила екипа на терен, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ