вторник, 9 декември 2025

Пак инцидент на Европските олимписки игри, автомобил удрил во малолетни велосипедисти од Исланд

Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двајца малолетни велосипедисти додека се подготвувале за денешната велосипедска трка која се одржува во рамкиите на Eвропскиoт младински олимписки фестивал, информираше денеска СВР Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во општа болница Куманово.

„Вчера во 12:09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, Кумановско, патничко возило фолксваген пасат со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б. (42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во земјава и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка“, соопшти полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ