Според информацијата, пожарот бил пријавен вчера во 17 часот и 10 минути.
„Од страна на Територијалната противпожарна единица-Струга пожарот е изгаснат. Извршен е увид и констатирано е дека пожарот е предизвикан од невнимание со фрлање отпушок од страна на вработениот И.И. во колонијалната продавница во Струга“, пишува во соопштението.
По целосно документирање на случајот, како што е наведено, ќе биде поднесена соодветна пријава.






