ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Б.(43) од с.Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”. На 03.02.2022 во населба „Млаки” во Гостивар, при контрола, полициски службеници констатирале дека пријавениот со патничко возило – комбе „форд транзит” врши јавен превоз на патници без поседување на соодветна документација за вршење на дејноста.
Исто така од страна на ОВР Гостивар поднесена е кривична пријава против Р.А.(58) од с.Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,вршење на јавен превоз без поседување лиценца”. На 20.01.2022 на ул.„Браќа Ѓиноски” во Гостивар, при контрола, полициски службеници констатирале дека пријавениот со возило „форд” врши јавен превоз на патници без поседување на соодветна документација за вршење на дејноста издадена од надлежна институција.
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава и против Н.В.(63) од с.Градец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”. На 03.02.2022 во населба „Млаки” во Гостивар, полициски службеници извршиле контрола и констатирале дека пријавениот со патничко возило „форд транзит” врши јавен превоз на патници без поседување на соодветна документација издадена од надлежна институција.






