недела, 7 декември 2025

Откриени двајца измамници со телефонски трикови за лажни сообраќајки

СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г. (54) од Прилеп и С.И. (31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Објавено на

часот

Сподели

Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека на 25 август, годинава во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а нејзиниот син и неговата сопруга биле повредени.  Доколку сака да го спаси синот од кривичен прогон, требала да им даде 72.500 денари. Откако ги зеле парите, пријавените заминале, а оштетената подоцна сфатила дека е измамена.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и измамниците се пронајдени и лишени од слобода, по што е поднесена кривична пријава, потврдија од СВР Битола. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ