четврток, 25 декември 2025

Откриени четири лица кои вршеле јавен превоз на патници без соодветна документација

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од СВР Струмица, синоќа околу 20:30 часот на булевар „Гоце Делчев” во Струмица, полициски службеници извршиле контрола во автобус со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управуван од Н.Б.(37) од село Велуса, струмичко.

При контролата било утврдено дека автобусот вршел јавен превоз на патници без соодветна документација, а исто така биле затекнати повеќе патници од дозволениот број кои може да се превезуваат. За настанот биле запознати јавен обвинител од ОЈО Струмица и сообраќаен инспектор од Општина Струмица.

Во вториот случај синоќа во периодот од 21:30 до 22:30 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица извршиле контрола во три патнички моторни возила со струмички регистарски ознаки.

При контролата било утврдено дека лицата Н.В.(27) од Струмица, А.Д.(38) од село Дабиле, струмичко и И.Ц.(42) од Струмица со возилата вршат јавен превоз на патници без соодветна документација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ