сабота, 13 декември 2025

Откриени 56 стебла марихуана, едно лице заврши во притвор

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против Т.К.(65) од село Стојаково, општина Богданци.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, вчера врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија извршиле претрес во домот и дворното место на Т.К. во село Стојаково. Притоа биле пронајдени 56 стебла марихуана со висина до 2,80 метри, марихуана, семки од канабис, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија и било изведено пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ