Како што информираат од МВР лицата биле предадени во Прифатно-транзитен центар Винојуг, Гевгелија.
„Денеска во 00:30 часот на регионален пат Богданци–Гевгелија, на место викано Македонија Пат, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале патничко возило мерцедес со француски национални ознаки, во кое се превезувало мигранти и кое не застанало на знак за запирање даден од полицисе службеници. Набргу, возилото запрело, по што возачот го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени 15 лица-мигранти, од кои 12 од Египет и три од Сирија“, се вели во соопштението од МВР.
Од МВР информирата дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.






