“Еден возач во Неготино управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во неготинско предизвикал сообраќајна незгода возејќи под дејство на алкохол и со активна забрана за управување возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, се вели во соопштението од МВР.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.






