недела, 14 декември 2025

Осумдесетгодишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Велес

Осумдесетгодишен мотоциклист од Велес се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на 21 јули околу 17.25 часот, на крстосницата меѓу улиците „Методија Андонов Ченто“ и „Борис Трајковски“.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од СВР Велес, во несреќата учествувале патничко возило мерцедес, управувано од В.А. (60) од Велес, и мопед томос, управуван од К.А. (80), исто така од Велес.

Во судирот, повреден бил мотоциклистот, а во Општата болница Велес му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Велес, а се работи на утврдување на причините за несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ