недела, 7 декември 2025

Оставила 18.000 денари во поштенско сандаче и сфатила дека била измамена

Вчера во СВР Скопје, 56-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од 18.000 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Таа на социјална мрежа стапила во контакт со едно женско лице, која изнајмувала стан. Како што е пријавено, вчера парите за депозит биле оставени во сандаче од станбена зграда на подрачјето на Чаир, каде што претходно лицето ѝ посочило. Подоцна кога се обидела да стапи во контакт со женското лице кое изнајмувало стан, не успеала и сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ