Според пријавата, осомничениот побарал да го позајми неговото возило БМВ, по што го известил дека наводно настанал дефект и дека возилото го оставил кај механичар. По неколкудневни неуспешни обиди да стапи во контакт и да го врати возилото, на 28 март 2026 година пријавителот се сретнал со механичарот, кој признал дека возилото го однел на отпад во селото Слатино.
Како што е наведено, оштетениот подоцна го пронашол возилото оштетено на отпад, при што сопственикот на отпадот му изјавил дека го купил од механичарот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






