вторник, 24 март 2026

Ослободени шесте мигранти кои биле држени во заложништво во Студеничани

По преземени мерки и активности и по претходно добиени сознанија, вчера околу 19:30 часот во објект во село Студеничани, скопско, сопственост на М.Ш., полициски службеници пронашле шест лица мигранти, кои со употреба на сила и закани биле држени во објектот, информираа од МВР. Тигрите и припадници на Единицата за интервентна полиција вчера попладне имале интервенција во скопското село Студеничани откако добиле повик од заробени мигранти кои под закана со оружје од криминална група биле држани во подрумски простории. Откриени беа шест мигранти, а приведени седуммина македонски државјани.

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со настанот, а поради сомнение дека сториле кривично дело по член 418б од Кривичниот законик, од слобода бил лишен сопственикот и Ќ.Ш., У.Ш. и А.Ш., тројцата од село Студеничани, како и Б.Б., А.Б. и А.Б., сите од Скопје. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Тигрите и припадници на Единицата за интервентна полиција вчера попладне имале интервенција во скопското село Студеничани откако добиле повик од заробени мигранти кои под закана со оружје од криминална група биле држани во подрумски простории. Откриени беа шест мигранти, а приведени седуммина македонски државјани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ