понеделник, 22 декември 2025

Оштетил јавно претпријатие за износ од 35.002.482 денари

Објавено на

часот

Сподели

„Пријавениот, во периодот од 01.01.2014 до 22.11.2017, како директор на Јавното комунално претпријатие „Солидарност” – Виница, без претходно донесена одлука на Управниот одбор и без финансиски план за начинот на користење на средствата од буџетот, од буџетот на комуналното претпријатие за репрезентации потрошил сума од 2.249.950 денари. Исто така, пријавениот во истиот период, со непреземањето на потребните мерки и активности за наплата на побарувањата, дозволил да застарат ненаплатени побарувања во износ од 32.752.532 денари. На тој начин пријавениот го оштетил јавното претпријатие за износ од 35.002.482 денари“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Против И.С. (47) од Виница постојат основи на сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 став 3 во врска со член 45 и „несовесно работење во службата” по член 353-в став 3 во врска со член 45 од Кривичниот Законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ