Пријавениот, вработен во Секторот за урбанизам во Општина Свети Николе, во текот на 2024 и 2025 година, постапувајќи по поднесени барања за издавање одобрение за поставување урбана опрема од правен субјект, составил записник со неточни податоци, наведувајќи помала површина од реалната.
Врз основа на тоа, изготвил одобренија за поставување на урбана опрема и ги доставил за потпис до градоначалникот. Потоа биле склучени договори за времено-сезонско користење на јавни површини во периодот од 1 јануари 2024 до 16 април 2025 година, со што буџетот на Општина Свети Николе бил оштетен за 105.504 денари.






