недела, 8 февруари 2026

Опожарени две возила во скопско Батинци

Ноќеска, на 8 февруари, во 2:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, општина Студеничани, биле опожарени патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Џ.И.(47) од с.Батинци и товарно возило „форд ренџер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект.

Објавено на

часот

Сподели

Нема повредени лица, а огнот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ