Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Еден и пол час подоцна, во 03:30 часот, исто во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на ул.„Лазар Димитров“ во Скопје било опожарено патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 61-годишната Р.Л.Г. од Скопје. Како и во претходниот случај, повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Исто така, бил извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.






