„Камионот бил опожарен додека депонирал смет, вработените се обиделе да го изгасат и со апарати, но безуспешно. Морале да повикаат противпожарна единица. Не се знае причината за опожарувањето, претпоставуваме дека е инсталација“, изјави директорот на комуналното претпријатие, Ненад Стојановски.
Една екипа на противпожарната единица со тројца пожарникари го гаселе во периодот од во 22.10 до 23. 40 часот.






