сабота, 12 јули 2025

Опожарен автомобил во Гази Баба

Рано утринава, на 22 јуни околу 03.00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил опожарен автомобил од марката фолксваген голф со скопски регистарски ознаки.

Објавено на

часот

Сподели

Возилото било сопственост на 39-годишниот Н.И. од Скопје и било паркирано пред неговиот дом кога избувнал пожарот. За среќа, во настанот нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои настанал пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ