Според информацијата, незгодата се случила вчера во 11 часот и 20 минути, во близина на Струга.
„На регионалниот пат Струга – Дебар, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ. (70) од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ф. (42) од селото Лабуништа, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од автобусот Ф.А. (58) од Лабуништа, констатирани во Медицинскиот центар Струга“, изјави портпаролот Стефан Димоски.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.






