недела, 11 мај 2025

ОЈО Кичево издаде наредба за обдукција на телата на загинатите во сообраќајката на патот Кичево-Гостивар

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР изврши увид на местото на настанот на патот Кичево-Гостивар, каде во сообраќајна несреќа меѓу три возила животот го загубија три лица, а осуммина се повредени.

Објавено на

часот

Сподели

Со цел утврдување на причините за несреќата подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции кај повредените.

По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ