Според полицијата, на 6 февруари 2025 година, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа лоцирана во селото Сурила, охридско, која ја користел пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и две пневматски пушки, за кои постои сомнение дека биле поседувани и изработени без соодветна дозвола.
Случајот е целосно документиран, а кривичната пријава е доставена до надлежното Јавно обвинителство за понатамошна постапка.