недела, 14 декември 2025

Одземени возила во Струга поради преголема бучава, во Скопје пријави за дивеење во сообраќајот (ВИДЕО)

Утрово во периодот од 00:30 до 2 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај, информираше МВР. Во Скопје пак, полицијата поднела пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари, а видео од настанот беше објавено на социјалните мрежи.

Објавено на

часот

Сподели

Веднаш по пријавување на случајот во Струга, полициски службеници од надлежното полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај излегле на местото и затекнале повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила, кои наводно изведувале изложба. Лицата не постапиле по наредбите на полициските службеници, по што биле ангажирани дополнителни служби и состојбата била ставена под контрола.

„Притоа, биле одземени пет возила по член 344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај (ЗБСП), а биле констатирани и осум други прекршоци од ЗБСП. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопштија од МВР.

Во Скопје пак, полицијата поднела пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари, а видео од настанот беше објавено на социјалните мрежи.

Во врска со видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи информираше дека веднаш се преземени мерки и активности и лицата се пронајдени, извршен е службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Против 20 годишниот возач С.З. (20) од Скопје ќе биде поднесена пријава поради превезување лице на надворешните делови од возилото, возење без возачка дозвола и за управување возило без регистарски таблилки. Пријава ќе биде поднесена и против 19 годишниот Р.Ѓ исто така од Скопје кој, како што се гледа на видеото стои на хаубата од возилото и му дал да управува возило на лице без возачка дозвола, но и презел дејствија со кои ја загрозил својата безбедност.

„СВР Скопје презема и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ