Според полициското соопштение, синоќа во 20:30 часот до СВР – Охрид било пријавено дека на улицата „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки управувано од Ј.П. (37) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки управувано од П.Н.(35) од Охрид.
По преземени мерки било констатирано дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол со измерени 0,71 промили алкохол во крвта, а истиот имал и изречени три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Забрана за управување моторно возило за „Б категорија“ имал и Ј.П.
За случајот е известен јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на В.В.М. и Ј.П. и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“.






