Како што соопштија денеска од МВР, исто така, над село Гостиражни биле пронајдени околу осум кубни метри нежигосани дабови дрва, кои ќе бидат предадени на Шумска полициjа Прилеп.
На подрачјето над вештачкото езеро во Прилеп, се наведува во соопштението, било затекнато лицето Џ.А. со запрежна кола натоварена со нежигосани дабови дрва од околу 1,5 кубни метри и моторна пила, кои биле одземени. Во тој дел биле пронајдени и бесправно исечени околу пет кубни метри огревни дрва.
Пронајдените дрва биле биле подигнати од Шумска полиција Прилеп, а по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






