Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка согласно член 297 а од КЗ ,,безобѕирно управување со моторно возило”.
Утринава, во 08:30 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај клучката Групчин, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.И.(28) од Скопје, кој управувал патничко возило „голф” со косовски регистерски таблици, со брзина од 191 километри на час, на место каде брзината на движење со сообраќаен знак е ограничена на 100 километри на час. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297 а од КЗ, ,,безобѕирно управување со моторно возило”.






