среда, 24 декември 2025

Од струен удар загина риболовец кој носејќи ја трската преминувал пруга

Објавено на

часот

Сподели

МВР информира дека  вчера на пладне во СВР Скопје било пријавено дека на делот од пругата меѓу железничките станици Драчево и Лисиче едно лице било повредено од струен удар.

„Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за лицето С.Ц.(72) од Скопје, кој со трска за риболов ги допрел жиците. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на семејството“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ