среда, 24 декември 2025

Од 1 јануари до 10 февруари во Скопје се приведени 37 лица барани со потерници

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија денеска од МВР, предмет на потрага биле лица за кои се распишувани локални, национални (централни) и меѓународни потерници и тоа осудени лица со казна затвор, лица под истрага или со веќе определена мерка притвор, лица кои избегале од казнено-поправни установи.

Инаку, во текот на 2021 година на територијата на Скопје се приведени 297 лица барани со потерница. Притоа, од страна на Оперативниот тим – потраги од слобода се лишени 102 лица за издржување вкупна казна затвор 269 години и шест месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во вкупно времетраење од 204 години и 11 месеци.

Од страна на организационите единици во рамки на СВР Скопје, во рамки на преземените оперативни активности од слобода се лишени 195 лица за издржување вкупна казна затвор од 210 години и девет месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во траење од 22 години, 11 месеци и 27 дена.

Воедно, во содејство на МВР Интерпол и МВР Потраги минатата година беа екстрадирани 32 лица, за кои беа распишани меѓународни потерници.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ