понеделник, 22 декември 2025

Обвинет заменик директор на училиште во Чегране за малтретирање ученик

Објавено на

часот

Сподели

Обвинетиот, лани на 26 ноември при вршење на службата како заменик-директор на основно училиште во селото Чегране, постапувал спрема ученик на начин со кој се понижува човечкото достоинство и личност. Оштетеното дете, ученик во осмо одделение, добил известување дека заедно со уште двајца соученици ќе биде прераспореден во друго одделение. Тој се качил на вториот кат во училиштето за да го земе распоредот за новото одделение, но го затекнал обвинетиот кој најпрвин му се развикал затоа што се качил на спратот, а потоа започнал да го удира со шлаканици и клоца. Оштетеното дете се здобило со телесна повреда – нагмечување во пределот на главата и настанот го пријавило во полициска станица.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ