недела, 22 март 2026

Обвинение за 4 лица кои носеле проститутки во Скопје од Бразил

По спроведена истражна постапка, денеска предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе обвинителен акт против четири лица. Обвинетите од кои две лица се странски државјани од Бразил и Сирија со привремен престој во државата се товарат дека сториле кривично дело – посредување при вршење на проституција и кривично дело – перење пари и други приноси од казниво дело, додека двајца македонски државјани се обвинети за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.

Објавено на

часот

Сподели

Според обвинителниот акт, во временски период од декември 2023 до ноември 2024 година првообвинетата – бразилска државјанка со дозвола за привремен престој во Македонија и второобвинетиот – македонски државјанин роден во Сирија, заедно со двајца неидентификувани македонски државјани и двајца португалски државјани со умисла и од користољубие организирале врбување, прифаќање, превезување и сместување на женски лица од Бразил, заради вршење на проституција во Скопје. Жртвите ги прифаќале и ги сместувале во претходно изнајмени станови во комплексот „Џевахир холдинг“ во Скопје каде истите давале сексуални услуги на клиенти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ