среда, 25 март 2026

Обвинение против тројца за кражба на кабли од „Железара“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против тројца соизвршители на кривично дело тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира обвинителството.

Објавено на

часот

Сподели

Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, вреден 800.000 денари. Кога ги натовариле каблите во автомобил и се обиделе да ги изнесат од кругот на фабриката, обвинетите биле откриени и лишени од слобода.

Со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за еден од обвинетите, додека за останатите двајца на сила се мерки на претпазливост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ