среда, 24 декември 2025

Обвинение против 10 лица кои исекле најмалку 254 букови стебла од туѓа шума

Објавено на

часот

Сподели

„На тој начин тие ја опустошиле шумата, бесправно сечејќи вкупно 254 букови стебла. Буковите дрва за огрев ги складирале во своите дворови, од каде ги транспортирале до купувачи на подрачјето на Општина Гостивар и ги продавале. Со ова на оштетеното правно лице ЈП Македонски шуми обвинетите му нанеле проценета материјална штета од 724.500 денари“, соопшти Јавното обвинителство.

Еден од обвинетите сторил и кривично дело – Измама, така што на 21 септември 2018 година, од претходно противправно исечените огревни дрва му продал на еден гостиварец, доведувајќи го во заблуда дека дрвната маса потекнува од легална сеча. За дрвата оштетениот платил 14.700 денари. По откривањето на нелегачната сеча, полициски службеници ги одзеле дрвата со потврда за привремено одземени предмети, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ