Како што соопштуват од Министерството за внатрешни работи, по неколкумесечна истрага, полицијата утврдила дека на 28 февруари 2025 година, осомничениот креирал лажен профил на Инстаграм и објавил фотографии од шест девојки од Гостивар, кои ги прибавил без нивна согласност од нивни приватни профили. Објавите биле придружени со навредливи и сексистички текстови.
По добиени податоци и преземени истражни мерки, К.Н. бил повикан на службен разговор во полициската станица Карпош, каде го признал делото. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик.






