Во еден од најкарактеристичните случаи, 47-годишен скопјанец бил повикан на службен разговор откако бил пријавен дека физички го нападнал својот малолетен син во семејниот дом во Кисела Вода.
Во друг сличен случај, во скопски Аеродром, 38-годишна жена физички го нападнала својот малолетен син,
Само неколку часа претходно, 30-годишна жена пријавила дека била претепана од својот сопруг во Карпош, при што тој користел и тврд предмет. Во истата општина, уште една 45-годишна жена станала жртва на насилство од својот вонбрачен партнер, кој исто така употребил предмет при нападот.
Насилството не застанало тука, па така 31-годишен маж бил нападнат од сосед во влез на зграда, додека во Шуто Оризари полицијата приведе 22-годишник кој нападнал обезбедување пред продавница.
Во друг инцидент, 27-годишен маж бил приведен откако агресивно се однесувал кон својата сестра, ѝ упатувал закани, а подоцна било пријавено дека и физички ја нападнал и ѝ го оштетил возилото.
Полицијата информира дека во сите случаи се преземаат мерки за целосно расчистување, а по документирањето ќе следуваат соодветни пријави.






