Портпарлот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информираше дека околу 10:15 часот е пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, на еден километар после наплатна станица Гостивар, камион со скопски таблички се превртел на патот.
„Товарно возило рено со скопски регистарски таблички, управувано од Ф.Џ. од гостиварско Калишта, се превртело на патот. Во незгодата, возачот се здобил со телесни повреди“, изјави Реџепи.
Патниот правец беше затворен и сообраќајот се пренасочуваше по околните патишта.