петок, 16 мај 2025

Ноќна контрола на тетовските кафеани, затворени два угостителски објекти

Синоќа од 23 до 2 часот на подрачјето на СВР Тетово, полициските службеници од СВР Тетово во содејство со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Дирекција за заштита и спасување спроведоа акциска контрола во три угостителски објекти.

Објавено на

часот

Сподели

Притоа, информираше СВР Тетово, во еден угостителски објект бил лишен од слобода Р.Е.(32) од Тетово, кај кого при преглед бил пронајден и одземен кокаин.

„Исто така, во трите угостителски објекти биле приведени Е.И.(32) од Боговиње, А.Ј. од Тетово, Ш.Л. од село Порој и Е.А. од село Мала Речица, кај кои биле пронајдени остри предмети. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци според Законот за оружје. Од страна на другите институции кои биле вклучени во акциската контрола биле констатирани низа неправилности при што од страна на ДПИ на два објекта ќе им бидат доставени решенија за затворање“, информираше СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ