Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б., а со телесни повреди се здобиле неговиот малолетен сопатник, возачот А.М. и неговиот сопатник Ф.Б.(30) од с.Арачиново, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Ноќеска, сообраќајна несреќа на локалниот пат Скопје – Куманово, четворица повредени
Денеска (18.02.2025) во 00.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(20) од с.Орланци, Скопско и патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.М.(22) од с.Арачиново, Скопско.

Објавено на
часот





