среда, 18 март 2026

Ноќ за палење возила во Скопје

Пожари во Скопје зафатиле четири возила, продажни објекти, станбена зграда, доцна синоќа и рано изутринава.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи информираа попладнево, дека во 23:07 часот синоќа, во Секторот за внатрешни работи – Скопје било пријавено дека на паркинг – простор на булеварот „11 Октомври“, опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Од огнот биле зафатени и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект.

Денеска во 3:47 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на улицата „Дичо Петров“ во градот, опожарено било патничко возило „ренџ ровер“ со словачки национални ознаки, сопственост на В.Д., 41-годишно лице од Скопје. Зафатени биле и патничко возило „голф“ со бугарски национални ознаки, како и дел од фасада од станбена зграда и дел од продажен објект.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита, пожарите биле изгаснати. Повредени лица нема, извршени биле увиди. Се преземаат мерки за расчистување на случаите. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ