недела, 14 декември 2025

Ноќ со алкохолизирани возачи на улиците во Битола, Прилеп, Кавадарци

Полициски службеници утринава во 3:50 часот во Куманово го лишиле од слобода Д.Т.(23) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта.

Објавено на

часот

Сподели

Утрово, пак, во :2:40 часот на ул.„Крушевска Република” во Битола, полициски службеници од СВР Битола  го лишиле од слобода А.С.(34) од Битола.  При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „форд” со битолски  регистарски ознаки, кое го управувал А.С., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта.

На 27.07.2025 во 2:00 часот на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ја лишиле од слобода Л.А.(32) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувала Л.А., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,91 промили алкохол во крвта.

Во 3:30  часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци  го лишиле од слобода С.Ј.(22) од с.Сирково, општина Росоман, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски таблички под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.56  промили алкохол во крвта.

Тие биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ