вторник, 3 март 2026

Незаконски сечеле дрва, пријави за бесправна сеча во гостиварско и крушевско

Двајца жители на Речане, гостиварско се осомничени за кражба и пустошење шума, а во Крушево полицијата приведе тракторист кој бил фатен со нелегално огревно дрво.

Објавено на

часот

Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Н. и М.Н., двајцата од село Речане, гостиварско, поради сомнение за сторени кривични дела кражба, пустошење на шума и фалсификување на исправа.

Според пријавата, првоосомничениот континуирано вршел бесправна сеча на дрва во атарот на село Речане, на место викано „Краста“, без соодветно одобрение од надлежен орган. Исечените дрва ги превезувал со патничко возило „опел фронтера“ на кое биле поставени регистарски ознаки од друго возило, а потоа ги продавал во Речане и околните села. Второпријавениот му помогнал во извршувањето на делото со поставување на туѓите регистарски таблици.

Со овие дејствија било оштетено Јавно претпријатие Национални шуми – подружница Гостивар, за износ од 144.372 денари.

Во одделен случај, вчера во атарот на село Белушино, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода А.Џ. од село Житоше, општина Долнени, кој бил затекнат како управува трактор натоварен со бесправно исечено огревно дрво. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ