МВР денеска соопшти дека заради непрописно паркирање издадени биле 216 платни налози, за возење со брзина поголема од дозволената 758 санкции, а пак по основ на непоседување возачка дозвола 141 лице било отстрането од сообраќајот.
Евидентирани биле 62 прекршоци за неносење сигурносен појас, изречени 31 санкција за возачите на мотоцикл за управување без заштитна кацига, 27 мерки биле изречени за користење на мобилен телефон при возење, а осум санкции за возачи кои минале на црвено светло, додека пак 61 возач се отстранети од сообраќај заради недозволено количество алкохол во крвта.
По основ пак на Законот за возила во посочениот период од сообраќај се исклучени 39 возила, од кои 11 поради техничка неисправност, а 28 заради тоа што биле нерегистрирани.
Од МВР најавија дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. „Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.