Како што информираат од МВР, на 21 јули во 10.45 часот во СВР Скопје била поднесена пријава според која измамникот телефонски стапил во контакт со пријавителот, претставувајќи се како бизнисмен што сака да соработува и да порачува градежни материјали од неговата фирма.
Откако во неколку наврати бил испорачан материјалот и издадени уредни фактури, друго лице – кое се претставило како пријател на „соработникот“ – му упатувало закани по телефон, а потоа и лично во неговата фирма.
Случајот е пријавен, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.






