Со пожарот биле зафатени патничко возило тојота рав 4 со битолски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма, а го користела С.К. од Битола, патничко возило фолксваген пасат со тетовски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма и патничко возило дачиа логан со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма.
„Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопштија од СВР Битола.