недела, 7 декември 2025

Нема крај на семејното насилство во Македонија

Четири случаи на семејно насилство се пријавени во МВР во последните 24 часа. Според информациите на полицијата, два од нив се случиле во Скопје и по еден во Кочани и Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера попладне во 16:30 часот во СВР Скопје 44-годишна жена пријавила дека околу 11 часот во семејниот дом во скопско, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг В.В.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“. информираа од МВР.

Час и половина подоцна во Кочани полициски службеници од ОВР Кочани го уапсиле 29 годишниот Е.Р. по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна вонбрачна сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  Синоќа во 21:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово- Скопје, кај наплатната станица во близина на село Желино, застанало возило пежо и при тоа Н.К. од Скопје физички нападнал 41-годишна жена, која била со него во возилото.

„Веднаш е постапено во однос на пријавата од страна на полициски службеници од полициското одделение Групчин и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се наведува во билтенот на МВР.

Петнаесет минути подоцна, во СВР Скопје 33-годишна жена пријавила дека околу 15 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ