Како што соопшти МВР, С.Д. украл патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(28) од Неготино, кое според пријавеното било паркирано пред домот на сопственикот и потоа со возилото на локалниот пат кон село Курија, излетал од коловозот.
„Од извршените проверки било констатирано и дека го управувал возилото со 0.72 промили алкохол во крвта. С.Д. бил задржан во полициска станица и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави“, посочуваат од МВР.