Според пријавеното, на почетокот на месец февруари, пијавениот неовластено и без знаење на оштетената- овластена сметководителка го искористил нејзниот број на уверението, кое било прикачено на isos.com.mk и го употребил за завршна сметка во Централен регистер.
„Оштетената, истиот ден на електронска адреса била известена дека правно лице од Неготино поднело завршна годишна сметка со нејзиното уверение, кое било направено без нејзина согласност, a ниту пак таа ја имала изработено завршната сметка. На 24 февруари 2026 бил извршен службен разговор со пријавениот, управител на правното лице од Неготино, кој изјавил дека поднел завршна сметка за неговото правно лице бидејќи неговиот сметководител не бил внесен во Централниот регистер. Тој земал број од страната на isos.com.mk, која била достапна за сите и ја поднел годишната сметка со бројот на уверението на оштетената“, информираа од МВР.






